На социјалните мрежи масовно се споделува видео на кое се гледа како поголема група луѓе, прво бркаат машко лице по улиците во Струмица, а кога ќе го фатат, брутално започнуваат да го тепаат.
Човекот паѓа на земја, се слушаат викотници, а голем број на граѓани го гледаат настанот од своите тераси, додека нападнатиот вика од болка.
Според коментарите објавени на страницата „Струмица онлајн“, под видеото, настанот се случил денеска.
Видеото во продолжение е со ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА
Вакво брутално претепување треба да биде најстрого казнето, но остава и простор за сомнеж дека насилниците се луѓе под нечија заштита кои очекуваат дека нема да бидат казнети за стореното. Според начинот на кој крвнички се однесуваат, изгледа како да не им е прв пат вака да прават, а штом се на слобода, јасно е дека не биле ни казнети до сега.
На социјалните мрежи се коментира дека обезбедувањето на СДСМ е тоа кое тепа граѓани во Струмица. Граѓаните, пак, коментираат дека силата на ваквите насилници им ја дава токму власта, која ги остава неказнети.
Потсетуваме, ова не е прво насилно изживување со граѓани во Струмица. Пред оклу две две години, исто такам на улицата пред неговиот дом беше претепан стумичкиот бизнисмен Митко Ѓорѓиев.
Го нападнале три лица, во темница. Биле маскирани, носеле боксирачи и тешко го повредиле.
Струмичанецот веднаш се посомнева дека ова му се случило затоа што една недела пред нападот се јавил во живо на 1тв и говорел против Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.
-Ова е поради тоа мое јавување, сигурен сум. Таму кажав како Заеви ја тероризираат Струмица и сега ми се случува ова, рече Ѓорѓиев.
На уверението пишува дека тој се здобил со удари во пределот на главата и долниот дел од устата, притоа му е пукната вилицата и му имаат искршено два заба.
„Ова ти е од Заев“, му рекле напаѓачите.
Дали некаква порака примил и граѓанинот на Струмица кој беше брутално претепан денес, не знаеме. Сигурно е дека, според нападот кој го видовме, има сериозни повреди. Дали некој конечно ќе одговара, останува да видиме.
Институциите треба итно да реагираат за ваквите настани. Граѓаните се чувствуваат небезбедни, со причина! Ваквите насилници, кои очигледно силата ја добиваат бидејќи “некој им го чува грбот“, мора итно да бидат казнети.