Кошаркарите на Денвер Нагетс ја прекинаа серијата победи во НБА лигата и на свој терен ги разочараа фановите со пораз од еден од најслабите тимови оваа сезона – Оклахома Сити Тандер.
Во „Бол Арена“ во Денвер, домаќинот потфрли против четиринаесеттиот тим во Западната конференција и со 107-119 го впиша својот 26. овосезонски пораз во елитата. Никола Јокиќ одново имаше одлична партија и со „дабл-дабл“ учинок беше најдобар поединец во редовите на Нагетси, но не ја доби потребната поддршка од соиграчите. Српскиот центар натпреварот го заврши со 22 поени и 16 скока, додека најдобар кај победникот беше Шеј Гилдус Александер со 29 поени, а Ајсаја Роби постави рекорд во кариерата од 26 поени.
Возбудлив натпревар се одигра во Милвоки, каде домашниот тим со минимални 120-119 го совлада големиот ривал Мајами Хит и му го нанесе првиот пораз по сериојата од четири меча на лидерот во Истокот.
Грчиот ас Јанис имаше нов дабл-дабл ефект од 28 поени и 17 скока, но не беше најефикасен на натпреварот, затоа што два поени повеќе од него постигна Хиро од Мајами.
На останатите натпревари Јута по продолжението ја совлада екипата на Хјустон, Њу Орлеанс му нанесе тежок пораз на Сакраменто, додека Феникс со 30 разлика славеше над Портланд (120-90).