(ВИДЕО) Џонсон со ногата на масичката во Елисејскиот дворец

Британскиот премиер Борис Џонсон со месеци се подготвуваше за своето прво патување во странство, но иако имаше тешки преговори со својот домаќин францускиот претседател Емануел Макрон, очигледно многу брзо се раскомоти во Елисејскиот дворец и ја подигна ногата на масичката.

Џонсон е фотографиран како ја подигнува ногата и го потпира чевелот на масичката во Елисејската палата и им мавта на фотографите во просторијата, пренесува Busines Insider, а Макрон ја следел целата ситауција делувајќи како да се забавува.

На социјалните мрежи веднаш го критикуваа Џонсон за недолично однесување кај францускиот челник. Особено, биографката на британскиот премиер Соња Пернел го оцени неговото однесува „грубо и срамно“.

Во својот напис Busines Insider забележува дека чинот на Џонсон најверојатно бил шега.

„Се чини дека Макрорн посочува дека масичката може да се користи како потпирач за нозете, доколку премиерот сака да се навали, што Џонсон на шега и го прави“, пишува и новинарот на британскиот весник The Sun на Twitter.

На видеото објавено на мрежите може да се слушне како двајцата челници се смеат. Сепак, повеќето коментатори посочуваат дека однесувањето на британскиот премиер не е дипломатски гест.

Ова се случило откако двајцата политичари им се обратија на новинарите во градината на Елисејската палата. Кабинетот на францускиот претседател подоцна објави дека разговорите биле „конструктивни и темелни“.