-0.2 C
Skopje
вторник, декември 17, 2024

ВИДЕО| Оружани предизборни пресметки во Албанија, убиен активист на социјалистите

Еден убиен и две лица провредени е исходот од вооружената престрелка која што се случи денеска во албанскиотград Елбасан.

Во престрелката животот го загубил Пјерин Џувани активист на Социјалистичкатапартија, а ранети се еден полициски службеник и уште едно лице, кое се уште не е идентификувано.

Како што пренесуваат албанските медиуми, причина за вооруженатапрестрелка била купувањето гласови во населеното место „пет“ во Елбасан.

Инаку, пред еден ден во Каваја со огнено оружје беше пукано во штаб на Демократската партија на Баша, при што исто така имаше и повредени.