Останките на пилотот на рускиот „Сухој“ што беше соборен минатата недела од турските воздухопловни сили пристигнаа во Русија, јавува „Раша Тудеј“.
Авионот со останките на пилотот од Анкара, пристигнаа на воениот аеродром Чкаловски во близина на Москва.
Авионот беше пречекан од страна на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и командантот на руските воздухопловни сили Виктор Бондарев. На аеродромот беше присутен и братот на убиениот пилот.
Пилотот беше убиен откако се приземји на територијата што е под контрола на бунтовниците познати какако Туркмани, група која има етнички корени со Турција и која во моментов се бори против владата на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Копилотот Константин Муракхтин беше спасен од страна на спасувачките екипи и во моментов се наоѓа во болница во Москва.
Мртвиот пилот Олег Пешков зад себе остави сопруга и две деца. Тој ќе биде погребан во родниот град Липецк.