ВИДЕО: Осветување на храмот „Св.Троица“ во село Петралица Криволапанечко

На 31.Мај.2015 – Духовден во 12:00 часот ќе биде осветен храмот „Св.Троица“ во село Петралица Криволапанечко, во месноста викана „Кутлев Крст”.

Осветувањето на храмот „Св.Троица“ ќе го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Кумановско-Осоговски г. Јосиф.

Кој ќе го прочита ова писмо да каже: „Слава Ти Господи, Слава Ти, Слава на Небесата, За Здравје и Спасение на Сите!”.

Овој Светол и Чесен Храм, посветен на Пресвета Троица, со Милоста Божја, се создаде и се заврши во месец Мај 2015, Лето Господово, со трудот и издатоците на Ктиторите, сите со потекло и корен од овој преубав крај.