(ВИДЕО) Откажани сите летови во Хонг Конг поради протестите, поицијата со водени топови против деминстарнтите

Аеродромот во Хонг Конг ги откажа сите летови поради протестот на илјадници демонстранти , кои денеска се судрија со полицијата.

Аеродромот во Хонг Конг, еден од најпрометните во светот, ги откажа сите денешни летови , бидејќи демонстрантите ги продолжуваат протестите на аеродромот веќе четврти ден, а полицијата за прв пат употреби водени топови.

„Со исклучок на летовите кои веќе се на пат кон Хонг Конг, сите останати летови се откажани за остатокот од овој ден“, велат од администрацијата на аеродромот.

Сообраќајот на патиштата до аеродромот е многу густ, а паркингот е преполн.

Повеќедневните насилни протести го турнаа Хонг Конг во најсериозна криза со децении, еден од најголемите предизвици со кои се соочува кинескиот претседател Си Џинпинг од доаѓањето на власт во 2012 година.

Полицијата во понеделникот употреби водени топови против демонстрантите. Тројца претставници на демонстрантите на пресд конференција  ја обвинија полицијата за бруталност со барање за независно тело за истражување на инцидентите  со  прекумерна употреба на сила.

Полицијата пукаше со солзавец кон демонстрантите во текот на викендот, а еден демонстрант беше тешко повреден од гумен куршум во окото. Уапсени се и голем број демонстранти, некои од нив беа крвави и претепани.