Група научници откриле голем ударен кратер со силно влијание со дијаметар од околу 31 километар на длабочина од речиси еден километар под глечерот Хајавата на северозападот од Гренланд, се наведува во статијата објавена во списанието Science Advances.
Во текот на истражувањето под водство на научниците од Универзитетот Копенхаген биле користени податоците кои ги собирала американската агенција за вселенски истражувања NASA во периодот од 1997 до 2016 година, како и податоците добиени со радарското истражување на областа.
Според научниците, за создавање на кратерот придонел пад на железен астероид со дијаметар од околу еден километар. До овој заклучок дошле благодарејќи на геохемиските анализи на седиментите добиени од рабовите на глечерот. Како што се испоставило, тие содржеле големи количества минерали карактеристични за метеоритските кратери.
Точната старост на кратерот сепак засега не може да ја одредат, но истражувачите веруваат дека тој бил формиран не порано пред ткн плеистоценска ера, којашто започнала пред 2,5 милиони години и завршила пред 12 илјади години. Како што наведуваат научниците, „веројатно овој кратер е еден од 25-те најголеми структури на влијание на Земјата“. Покрај тоа, тој многу повеќе од ваквите структури со слични димензии, ја зачувал својата првична форма.