ВИДЕО: Овој човек се жртвуваше и ја спаси малата Сара од поплавите

Полицаецот Мирко Вукомановиќ е човекот кој ја спаси алечката Сара од надојдените води во моментите на најголемата катастрофа во Свилајнац.

Таткото на Сара, Милан Ристиќ раскажа што точно се случувало.

-Беше нервозна кога почна се да се случува. Буквално ја извлековме од креветот. Таа почувствува дека нешто се случува…Кога дојде до тоа дека моравме да ја пренесеме до багерот, многу се потресе. Никогаш во животот не сум ја слушнал толку силно да плаче – вели Милан.

Полицаецот Вукомановиќ дојде до родителите на Сара и се фрли од багерот во водата и веднаш ја фати Сара!

-Милан Ристиќ ми ја подаде Сара и јас тогаш го пренесов девојчето на суво – рече скромниот полицаец, кого колегите го нарекуваа Каскадер поради неговата пожртвуваност.