(ВИДЕО) Пет жртви во екслозија на ситемот со топла вода во руски хостел

Пет лица загинале во хостел во рускиот град Перм во понеделниот по експлозија на системот за топла вода и поплавата на хотелскиот подрум со жешката вода, соопшти регионалната истражна комисија.

Инцидентот се случил ноќта кон понеделникот. Телата на петте жртви, меѓу кои и едно дете, биле пронајдени откако била испумпана топлата вода од просториите.

Најмалку три лица се хоспитализирани поради изгореници по инцидентот на хостелот „Карамела“, сместен во подрумски простори на станбена зграда, наведува истрагата. Во текот на справувањето со последиците од инцидентот, уште со изгореници се здобиле и двајца спасувачи, но нивните повреди не барале болничко згрижување.

Излезот за евакуација од хостелот бил блокиран, потврдила компанијата којашто ја опслужувала петкатната станбена зграда подигната во 1965 година, која наведува и дека настанала поплава по пукнувањето на цевководот со топла вода

Регионалната Истражна комисија повела кривично дело „давање услуги кои не ги исполнуваат безбедносните прописи за животот и здравјето на корисниците, што резултира со смрт на две или повеќе лица“. Пермското обвинителство, исто така, врши проверка на квалитетот на одржувањето на толоводната мрежа и системот за загревање на објектот, како и дали биле почитувани прописите за организирње и сместување на граѓани во хостелот.

Според веб-страницата Booking.com, цената на двокреветна соба за ноќевање на две лица во овој хостел изнеува 1.170 рубљи, или 19 американски долари.

На видое-снимката од несреќата може да се види, како од вратите на хостелот постојано излегува густа пареа додека припадниците на службите за итни случаи се обидуваат да влезат во објектот.