Бразил го освои Копа Америка прв пат по 2007 година и по осми пат е контитентален владетел. Во финалето на „Маракана“ со многу проблеми го совлада жилавиот Перу со 3-1 (2-1), а актер број еден и во добро и во лошо беше Габриел Хесус.
Everton puts Brazil ahead. Brilliant work from Gabriel Jesus pic.twitter.com/90cGTyDZYf
— Steven (@SanPenguinYo) July 7, 2019
Перуанците подобро почнаа, Куева се обиде од далечина, а и Тапија имаше можност да го фати на спиење Алисон, но шутираше преку голот. Кога Бразил прв се закани, дојде до предност. Во 15-тата минута Габриел Хесус мина по десната страна, со минијатура се ослободи од чуварите и нафрли на втора статива, Евертон од волеј ја погоди мрежата на Гаљезе (1-0).
GOOOOOOOOOOOOOOOL! Paolo Guerrero converts the penalty into a goal. First goal Brazil concedes in this competition. Brazil 1-1 Peru.
GAME ON!
#CopaAmerica
pic.twitter.com/I7aDSTqqCy— Sports Extra (@AlexSportsExtra) July 7, 2019
Перуанците беа во шок, а Кутињо тоа можеше да го казни, но неговиот удар заврши крај дирекот. Кога се чинеше дека првиот дел ќе заврши со водство на Бразил, Тијаго Силва играше со рака во својот казнен простор при лизгачки старт, па главниот судија покажа на белата точка. Гереро го измами Алисон и израмни на 1-1. Овој гол е прв примен гол на Бразил на Копа Америка и прекин на несовладливоста на Алисон Бекер.
Вториот дел започна со послаб интензитет, Перу воспостави рамнотежа, почесто ја имаше топката в нозе, но зрели шанси не креираше. Во 70. минута грубата игра кулминираше со втор жолт картон на најдобриот поединец во финалето, Габриел Хесус и Бразил мораше половина полувреме да игра со човек помалку.
Gabriel Jesus restores Brazil's lead!#CopaAmerica #ManCity pic.twitter.com/p7cEzGRZJu
— Superbia Proelia (@SuperbiaProeIia) July 7, 2019
Во 74. минута Бразил имаше многу среќа, откако ударот на Флорес заврши за малку крај дирекот. Тите ги повлече Фирмино и Кутињо и ги внесе Ричарлисон и Милитао во последните 15 минути. Перу имаше јалова иницијатива во обид вторпат да израмни, но наместо тоа примија и трет гол. Адвинкула беше преагрисен во казнениот простор по соло-акцијата на Евертон и чилеанскиот судија Варгас покажа на белата точка. Ричарлисон го матира Гаљезе за 3-1 за„кариоките“ и петта најзначајна победа на турнирот.
Gabriel Jesus devastated after his red card… pic.twitter.com/maqolNVN4Q
— FootballTalentScout (@FTalentScout) July 7, 2019
Richarlison's penalty goal!! 3-1 Brazil, and it's over. #CopaAmerica #BRAxPER pic.twitter.com/7dctQEBqWO
— #VALVERDEOUT (@MathiasAw1) July 7, 2019
Наредната Копа Америка следната година ќе се одржи во Аргтентина и Колумбија.