(ВИДЕО) Почина главниот актер од мјузиклот ‘Исус Христос суперстар’

Американскиот актер Џеф Фенхолт, кој се прослави со насловната улога во оригиналниот бродвејски мјузикл „Исус Христос суперстар“, почина на 68 годишна возраст, објави американскиот таблоид портал TMZ повикувајќи се на полициски извори.

Актерот починал во вторникот, само пет дена пред да го прослави 69-от роденден.

Фенхолт, за кој неодамна TMZ објави дека се справува со здравствени проблеми, бил пронајден мртво во неговиот дом. Неговата смрт не се истражува како настаната под сомнителни околности, но засега не е соопштена прочината, се додава во прилогот.

Мјузиклот вр основа на рок-операта на Ендрју Лорд „Исус Христос суперстар“ првпат е поставена на њујоршки бродвеј во октомври 1971 година, а Џеф Фенхолт настапил во главната ролја повеќе до 700 пати. Веднаш по премиерната претстава Фенхолт се најде на насловната страница на списаниет Time во костумот од со круната од трње на главата.

Своевремено имаше контроверзии околу соработката на Фенхолт со англискиот хеви-метал бенд Black Sabbath. Тој твредеше дека бил пејач на групата неколку месеци во 1985 година и оти бендот користел неколку негови нумери за нивниот албум „Seventh Star“, иако не е потпишан. Сепак, оригиналниот член на Black Sabbath, Тони Аоми никогаш не потврди дека Фенхолт бил член на бендот, туку дека тој бил само „испробан“ за пејачката позиција во групата.

Фенхолт велеше дека станал евангелист и оти преминот го направил откако станал зависник од дрога и алкохол по големиот успех на бродвејскиот мјузикл.