Аки Рахимовски беше испратен од најблиските родни ни и колеги на загрепските гробишта Мирогој.
Ковчегот на Аки Рахимовски беше покриен со знамето на Македонија, а на него имаше црвени рози. Аки Рахимовски меѓу другото беше испратен во последното почивалиште во Алејата на великаните на Мирогој со македонската песна „Зошто си ме мајко родила“.
На погребот се собраа бројни пријатели и колеги и членови на семејството. Емотивниот говор на неговата ќерка Едина трогна многумина до солзи.
„Еднаш рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек“, рече уништената Едина.
„Ти благодарам тато што ме научи дека човдкот е само мал под ѕвездите. Ајде бегај, така ми кажа, бегај ќерко. Бегај тато затоа што им е досадно без тебе. И само така ти знај, само ти тато, и никој како тебе“, рече таа.
„Те сакам тато“, го завршила својот говор.