Седумнаесетгодишно момче го загуби животот откако по расправија која продолжила во физичка пресметка бил прободен со нож од негов врсник. Напаѓачот е пронајден и приведен во полициска станица.
Од полицијата информираат дека 35 минути по полноќ во СВР било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“ во скопската населба Лисиче имало расправија меѓу неколку лица со А.Т (18), кој бил во друштво со К.Д (17), која продолжила и со физичка пресметка.
– Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х.(17), кој со визоло на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што починал, појаснија од МВР.
Полицијата го пронашла и привела А.Т. и работи на расчистување на случајот.
„Независен весник“ објави и снимка од тепачката која претходела на убиството, снимена од околните згради.