(ВИДЕО) Полицаец убиен во судир со бунтовници во обид да изведат терористички чин на Велигден во Египет

Египетски полицаец е убиен а уште еден е ранет во вторникот во вооружен судир на безбедносните сили со вооружени бунтовнции во Каиро, пренесуваат агенциите повикувајќи се на безбедносни извори кои тврдат дека во повеќечасовната престрелка се убиени седум терористи чија цел биле египетските христијани.

Како што наведуваат извори, станува збор за исламистичктие бунтовници блиски на Исламската држава кои своето упориште го имаат на египетскиот полуостров Синај. Други извори наведуваат, пак, дека бунтовниците се поврзани со од пред неколку години забранетото историско панарапско движење Муслиманско братство.

На приватната телевизија CBC Extra News била прикажана снимка од престрелката пред една зграда на која се слушале повици до локалното население да не излегува на улиците. Повеќечасовната престрелка траеле до 20 часот по локално време, кога започнува полицискиот час во рамките на мерките против ширењето на заразата со коронавирусот.

„Безбедносните сили се известени за присуство на бројни терористи во еден стан во квартот Ал Амирија и отидоа на местот. Следеше престрелка и двајца ранети припаднции на безбедносните сили се префрлени во болинца јаде еден им подлегна на повредите“, рекол неименуван извор за агенцијата AFP.

Во текот на полицискиот напад врз станот во кој терористичката ќелија се сокрила во една од најгусто населените области на Каиро, според соопштението на египетското министерство за внатрашни работи загинал потполковникот на Дирекцијата за национална безбедност при министерството, Мухамед ал-Хуфи, а друг офицер кој не е именуван бил ранет, пренесе каирскиот портал Al Ahram.

Според безбедносните сили, тероистиет коишто „ги исповедаат такфирските ставови (арапски израз за џихадистите на Исламската држава – з.р.), подготвувале напади во текот на претстојните христијански празници“.

Египетските христијани – коптите, ќе го одбележат Велигден на 19-ти април. Празниците ги одбележуваат под големи безбедносни мерки, особено на верските објекти, откако последните години врз нив беа изведен голем број џихадистички терористички напади. Еден од најкрвавите бомбашки самоубиствени напади врз христијаните во Египет беше изведен на Цветници 2017 година, кога во две цркви во градовите Танта и Александрија беа убиени 45 лица, а одговорноста ја презема Исламската држава.