
Денеска во Хјустон ќе се одржи третата и последна комеморација за Џорџ Флојд. Тоа се случува во градот каде што пораснал пред да се пресели во Минеаполис, каде што беше убиен од полицаец за време на апсењето.
Шовин денеска ќе се појави на суд за прв пат. Тој беше обвинет минатиот месец за убиство со предумисла.
Во американскиот правен систем, некое лице може да се гони по неколку точки, од најтешката опција, за убиство со предумисла во овој случај, до убиство, што е најлесно во овој случај. Ако судот и поротата не го осудат лицето по првото обвинение, сепак може да го обвинат на второто.
Останатите тројца полицајци вклучени во смртта на Флојд – Томас Лејн, Џ. Александар Куенг и Ту Тао – се обвинети за помагање и поттикнување на убиства од втор и трет степен.
Смртта на Флојд доведе до бран протести против расизмот и полициска бруталност низ целиот свет.