Полицијата во Мајами објави видео од оскудно облечена жена во 30-ти години во лифт за која се смета дека дрогирала маж во неговиот стан, а потоа му украла накит вреден 600.000 долари, пишува The New York Post.
Бараат помош од граѓаните во потрагата по атрактивната измамничка, која меѓу другото украл два лускузни часовници „Rolex“ од станот на мажот што го запознала претходниот ден.
Откако го запознала мажот во кафулето „The Dirty Rabbit“ во Вајнвуд на 8-ми мај, тој ја поканил во својот стан во раните утрински часови, околу 5,30 часот. Веднаш штом стигнале во станот му ставила дрога во пијалокот, информираат од полицијата.
Мажот ја загубил свеста набргу откако се напил. Дека е ограбен сфатил дури околу пладне кога се разбудил. Сефот бил отворен од кој исчезнал целиот накит. Исчезнала и жената со која се сретнал во зората.
Меѓу скапите предмети што ги однела жената биле „Rolex Daytona Rainbow“ со дијаманти и „Rolex Sky-Dweller“. Таа украла и златен синџир, златни алки, очила за сонце „Cartier“ и прстен од розово злато, извести полицијата.
Полицијата се обидува да ѝ влезе во трага на жената врз основа на снимката од надзорната камера во лифтот на зградата во која живее ограбениот. Таа била прикажана во лифтот кога таа и мажот од кафулето доаѓале во неговиот стан и повторно кога излегувала од неговиот стан.
Додека набрзина излегува, во раката држи чаша „Solo“.
„Можеби мислите дека таа само излегува со шолја. Таа има чаша во раката бидејќи на неа е нејзината ДНК. И неговата ДНК, но и дрогата што ја ставила внатре, изјави полицаецот Мајкл Вега, портпарол на полициската управа во Мајами“, пишува The New York Post.
To be eligible for a reward and be anonymous, you must reach out to Crime Stoppers. If you reach out to the police you are not eligible for the Crime Stoppers rewar https://t.co/s2lQDNr6se
— Crime Stoppers Miami & FL Keys (@CrimeStopper305) May 18, 2023