ВИДЕО Полугола девојка истрча пред конвојот на Трамп во Париз

Жена со голи гради и натпис „Лажен миротворец“ истрча денес на испразнетата авенија Шанзелизе додека по неа минуваше конвојот со американскиот претседател Доналд Трамп кон Триумфалната капија, каде се одржува главната прослава на одбележувањето на стгодишнината од крајот на Првата светска војна.

Додека останатите лидери на држави и влади заедни пристигнаа кај Триумфалната капија со автобуси, Трамп реши да пристигне со сопствените автомобил и обезбедување.

Во моментот на минувањето на автомобилот со американскиот претседател и неговата придружба, една девојка во топлес се обиде да го пробие силниот безбедносен коридор и да истрча на авенцијата. Таа беше брзо совладана од безбедносните служби.

Радикалната феминистичка група Фемен од Париз соопшти дека стои зад инцидентот. Фемен често изведува шокантни перформанси против сексизмот, расизмот, хомофобијата и други негативни политички и општествени појави.

https://www.youtube.com/watch?v=R9ZNt41ZGvM