Најмалку 24 пациенти умреле во средата во болница во западна Индија по прекинот во снабдувањето со кислород предизвикан од истекувањето од резервоарот, соопшти министерството за здравство, додека расте бројот на новозаразените во земјата постојано расте.
Инцидентот на градот Нашик кој се наоѓа во една од најтешко погодените области во Индија се случил по истекувањето на кислородот од резервоарот, изјави Раџех Топе, шеф на министерство за здравство во сојузната држава Махарспрата. Додаде дека 31 од 80-те пациенти на коишто им е неопходна кислородна поддршка се префрлени во други болници.
„Умреа пациенти кои биле на респиратори во болницата во Нашик. Зебележано е истекување од резервоарте од кои пациентите добиваат кислород“, појасни Топе.
Втората најнаселена земја на свето извести во средата за 295.041 новозаразени, што е вториот дневен број од почетокот на пандемијата воопшто, откако САД во јанури омаа 297.430 заразени за 24 часа.
Индија, исто така, во средата имаше и најголем дневен број починати во пандемијата – 2.023 луѓе.
Болниците во главниот град Њи Делхи јавуваат дека при крај се со резервите на медицински кислород кој им се дава на пациентите со тешка форма на Covid-19. Премиерот Нарендра Моди во вторниот во обраќањето до нацијата рече дека Индија се соочува со „бура од коронавирусот“ која го задушува нејзиниот здравствен систем.
Индија досега се употребени близу 130 милиони дози од вакцината, најмногу во светот по САД и Кина, но сепак премалку за населението од 1,4 милијарди.
#WATCH | An Oxygen tanker leaked while tankers were being filled at Dr Zakir Hussain Hospital in Nashik, Maharashtra. Officials are present at the spot, operation to contain the leak is underway. Details awaited. pic.twitter.com/zsxnJscmBp
— ANI (@ANI) April 21, 2021