ВИДЕО| Поранешен украински разузнавач покажа таен затвор на аеродромот во Мариупол

Поранешен потполковник на украинската разузнавачка агенција Службата за безбедност на Украина (СБУ), Василиј Прозоров, специјално за руската новинска агенција РИА направил видео-обиколка на аеродромот на пристанишниот јужен град Мариупол, на кој, како што тврди, во 2014/2015 година имало таен затвор наречен „библиотека“, во кој биле мачени приврзаниците на источната проруска сепаратистичка област Доњецк и на тамошните сили.

Во март годинава силите на самопрогласената Доњецка Народна Република ја презедоа контролата врз мариуполскиот аеродром, заедно со терминалот за заминувања каде во 2014 година биле сместени припадниците на баталјонот „Днепар“ од Днепропретовск“.

„Во целата сала, фоајето на терминалот, беше сместена доброволечкиот баталјон ‘Днепар’ при министерството за внатрешни работи на Украина од Днепропетровск. Креветите од кампот, гардеробите, екраните стоеја токму овде (…) Командантите на баталјонот живееја во собите на вториот кат“, раскажува Прозоров во снимката.

Тајниот затвор за сепаратистите се наоѓал на десната страна на терминалот, додава поранешниот украински разузнавач, покажувајќи на влез во просториите од некогашниот аеродромски ресторан, на вториот кат а на првиот кат имало ладилници кои служеле како ќелии.

Прозоров покажува каде наводно пристигнувале возилата со заробениците и биле носени во просториите на ресторанот. На влезе во задната просторија дежурале војници од Националната гарда на Украина во којашто се инкорпорирани формациите на екстремни десничарски движења, кои воделе евиденција за притворања.

Поранешниот потполковник СБУ покажува две ќелии, како и просториите во кои затворениците биле испрашувани.

„Целата внатрешна обвивка од овие ладилнички простории беше отстранета (…) Тука има само изолација. Тие беа обложени со метални обвивки одозгора, како внатрешност на ладилници“, додава Прозоров.

Според него, облогата била отстранета „затоа што уапсените таму можеле да остават некакви траги“ при испрашувањата од страна на СБУ и припадниците на националистичките баталјони.

Претходно во руските медиуми се појавуваа сведоштва на поранешни затвореници во тајните украински затвори. Тортурата врз нив сведоците ја поткрепуваа со лекарски уверенија добиени по ослободувањето од заробеништво и во Доњецк и во Мариупол.

Во времето на прогласувањето на ДПР во 2014 година, Мариупол, со население од околу 450 илјади луѓе, беше вториот по големина град во републиката по Доњецк. Меѓутоа, во јуни истата година, украинските безбедносни сили ја вратија контролата над Мариупол. На 7 март 2022 година, дванаесет дена по почетокот на руската офанзива, Александар Семјонов, заменик командант на баталјонот Восток на ДПР, рече дека градот е опколен и дека започнало чистење на некои од неговите области. На 16-ти април руското министерство за одбрана објави дека градската територија на Мариупол е исчистена од украинската армија, странските платеници и припадници на паравоените формации на екстремните десничарски движења од злогласниот полк „Азов“.