ВИДЕО| Пожар проголта куќи крај Лондон кој забележа рекордни 40 степени

Додека се интензивира топлотни бран кој ја погоди југот на Европа, Велика Британија во вторникот ја измери највисоката температура во историјата од 40 Целзиусови степени, поради што се виткале и железничките шини и предизвика низа пожари крај главниот град Лондон,

Досегашната највисока регистрирана температура во Обединетото Кралство изнесуваше 38,7 Целзиусови степени, измерени во Кембриџ во 2019 година. Метеоролошката агенција денска објави дека температурата од 40 Целзиусови степени, што треба допрва да биде потврдено, е измерена на лондонскиот аеродром Хитроу рано попладнето.

„Истражувањата на заводот покажаа дека во Британија речиси е невозможна температура од 40 степени, но климатските промени предизвикани од стакленичките гасови тоа го направија возможно“, тврди без да даде докази Стивен Белчер од британската метеоролошка агенција.

При растот на температурите, прекинати се железничките врски од Лондон кон источниот и западниот англиски брег, делови од земјата се без снабдување со електрична енергија, а вообичаено преполните центри на градовите се празни. Британските желници објавија на Twitter бројни фотографии на коишто се гледаат извиткани шини.

Голем пожар на истокот на Лондон уништил куќи во селото Венингтон, спржувајќи ги блиските исушени полиња. И на други места околу мегалополисот горат голем тревнати површини, а поради густиот чад намалена е видливоста на сообраќајниците.

Лондонската противпожарна служба прогласи тревога и апелираше до населението да не прават скари на отворени простори.

Соочена со незапаметени горештини, Велика Британија, којашто и онака има проблеми да ги одржува главните сообраќајни услуги, прогласи национална вонредна ситуација,