Најмалку 11 лица загинаа во пожар што се случил во станбена зграда во градот Бохумин на североистокот на Чешка, соопшти чешкото Министерство за внатрешни работи.
Како што пишуваат тамошните медиуми, пожарот избил попладнево на 11-тиот кат на зградата, а меѓу настраданите се три деца.
Според пожарникарите кои се бореле да го изгаснат пожарот и да спасат што е можно повеќе животи, луѓето почнале да скокаат од прозорците.
https://www.youtube.com/watch?v=2OmNf0nkWJ4