![dubrovnik jahti pozar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/dubrovnik-jahti-pozar.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Пожар во хрватскиот град Дубровник предизвикан од преливање на гориво проголтал пет глисери и два автомобила, пишуваат хрватските медиуми.
Неофицијално, пожарот настанал при префрлање на гориво од едно возило во друго. Најпрво се запалило комбе, потоа автомобил, а потоа и глисери и скутери во морето.
На лице место имало четири противпожарни возила, повеќе од 10 пожарникари, полиција, брза помош и противпожарниот брод „Орландо“, околу 15 часот и 40 минути, пожарот бил ставен под контрола, а подоцна и целосно изгаснат.
Пожарот предизвикал голема материјална штета, но за среќа без повредени лица.
Причините за пожарот ќе се дознаат по извршената истрага.