![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/Capture.jpg?resize=696%2C374&ssl=1)
Силен земјотрес о 23,43 часот по локално време во неделата го стресе градот Лерин, пренесуваат медиумите во Грција.
Вознемирените жители излегоа на улица. Земјотресот бил почувствуван речиси низ цела северна Грција до Лариса.
Според ревидираната објава на Геодинамичкиот институт од Атина, земјотрес имал моќност од 5,3 степени според Рихтер, а хипоцентарот е регистриран на длабочина од 14,1 колометри, со епицентар на 2 километри западно од Лерин.
Земјотресот ги вознемири жителите, бидејќи беше многу силен и плиток, а долго траеше и бучеше. Жителите на Лерин, според јавната телевизија ERT, побегнале од своите домови и излегле на улиците на градот.
Во следните 10 минути до 23.53 часот забележани се уште три потресиа со јачина од 3,5 Рихтер на 19 километри западно северозападно од Лерин и на фокусна длабочина од 5 километри 3,5 Рихтер на фокусна длабочина од десет километри и 4,1 Рихтер исто така на длабочина од 10 километри, пренесуваат грчките медиуми.
https://youtu.be/l1NfVdkRE7A