ВИДЕО| Припадник на Хамас уби едно и рани три лица во ерусалимскиот Стар град

Еден Израелец е убиен, а уште тројца други се повредени во напад изведен од припадник на исламистичкото палестинско движење Хамас во Стариот град во Ерусалим во неделата.

Оружениот напад во цивили, што е втор ваков напад во Ерусалим во последните четири дена, се одигра во близина на влезот на џамијата Ал Акса, третата најголема светија за муслиманите. Истата локација е света и за Евреите, бидејќи таму се наоѓаат и остатоците на древниот Соломонов или Првиот храм, врз чии остатоци е подигнат исто така разурнатиот подоцнежен Втор храм.

Омер Бер-Лев, израелскиот министер за јавна безбедност, изјави дека напаѓачот е припадник на Хамас од источен Ерусалим на кој право полагаат Палестицните. Во нападот користел полуавтоматска пушка, а набрзо бил убие од израелските полицајци, додаде Бар-Лев.

Хамас, кој ја контролира палестинската енклава Појасот Газа и се противи на постоењето на Државата Израел, потврди дека убиениот напаѓач е припадник на движењето. Претходно во петокот Велика Британија им се придружи на ЕУ и САД и го прогласи Хамас за терористичка организација.

Претходно полицијата објави дека напаѓачот, веројатно Палестинец, отворил оган а бил вооружен и со нож. Набрзо бил усмртен од безбедносните сили. Напаѓачот е идентификуван како 42-годишниот Фади Абу Шехадам. Во нападот тешко се ранети два цивила, од кои еден подоцна починал во болница, а два полицајци се полесно ранети, додаде полицискиот портпарол.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет нареди зајакнување на безбедносните мерки во Ерусалим по нападот во неделата.

„Во вакво утро може да претставува утеха (британската) одлука Хамас, вклучително и неговото таканаречено политичко крило, да се означи како терористичка организација“, изјави Бенет пред членовите пред неговата влада.

Израел го зазема Стариот град и други делови од источен Ерусалим во ткн Шестдневна војна во 1967 година против соседните арапски држави и го анексираше, што не го признава меѓународната заедница. Палестинците го посакуваат источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, додека Израел го прогласи Ерусалим за вечна и неделива престолнина на Израелците.