Сите знаеме колку е пријатна и корисна масажата и за телото и за лицето.
Еден нов тип на масажа на лице во последниов период го освојува светот, а, експертите велат дека едноставно го ваја лицето. Станува збор за букална масажа на лицето, чии придобивки се се непобитни.
За оние кои не се запознаени со третманот букална масажа, тој настанал во средината на 80-тите, но сега доживува ренесанса благодарение на Меган Маркл.
Ова е техника за масажа на лицето чија цел е подобрување на циркулацијата и тонусот на мускулите, лимфна дренажа, бришење на брчките и отстранување на отоци првенствено во пределот на лицето околу устата, долниот дел на образите и брадата. Делува како анти-стрес терапија, ја ублажува мигрената…
Се изведува само со помош на прсти и истовремено од надворешната и внатрешната страна на образот.
Гуруата за убавина ја претставуваат букалната масажа како врвно „дотерување“ без да одите под нож.
Оваа масажа кај нас е достапна во Beauty&Academy, институција за козметички третмани и за едукација, којашто се наоѓа во центарот на Скопје.
Во видеата подолу ќе може да видите како тоа изгледа во пракса. Терапевтот Ирина Филимонова која изведува букалната масажа во Beauty&Academy, вели дека третманот е пријатен, релаксирачки, ја јакне текстурата на кожата и дава одморен, свеж и затегнат изглед.
Дизајнерката Ивана Кнез, презадоволна од ефектите на оваа масажа во Beauty&Academy, изведена на Конгресот за убавина, сподели видео и меѓудругото напиша: „Реков дека нема да се боцкам, ама затоа ќе направам се преостанато што е до мене да им помогнам на лицето и телото да стареат соодветно. На мое огромно изненадување букалната масажа на Ирина, не само што ми го подигна тонусот на лицето, туку буквално ме однесе во некој друг универзум. Нема болка, има топло па ладно, па пеперутки, па чудна возбуда многу блиску со сензитивност до оргазам. Масажата ќе боде достапна кај @jelenakrkicpanchevski во @beautyacademy.mk, јас доживотно ќе се претплатам на ова чудо што ме извади буквално од сопствена кожа“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Третманот се состои од два дела:
30 минути масажа на лицето однадвор и уште 30 минути масажа изведена од внатрешната страна на устата.
Првиот дел од третманот е фокусиран на долниот дел од лицето. Со енергични движења естетичарот го трие, тапка и го влече лицето нагоре. Посебен акцент е ставен на делот од лицето околу јаболчниците и на брадата.
Втората фаза, пред сè, не грижете се за хигиенскиот момент, се изведува со стерилни гумени ракавици. Така како кога стоматологот ги става рацете во вашата уста.
Козметичарката ги става прстите длабоко во вашата уста, всушност сè до местото каде што образот се среќава со јаболчната коска. Потоа ги движи прстите и ги движи мускулите во различни насоки. Се масираат и непцата и долниот дел од образите.