(Видео) Приведен градоначалникот на Демир Хисар

Марјанче Стојановски градоначалникот на општина Демир Хисар од редовите на СДСМ, е повикан на разговор во полициска станица поради заканите кон вработените. Во овој момент Стојановски дава изјава во полицијата.

Тој бил приведен откако порталот „Лидер“ објави видео на кое се гледа како градоначалникот во пресрет на референдумот им се заканувал на вработените во училиштата. Тој ги потсетил вработените дека како поранешен полицаец може и ќе ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат. Вработените во општината пак добивале закани за преместување од нивните работни места и отпуштања.

Според пишувањата, станува збор за состанок на Стојановски со вработените кои се бунтувале на перманентниот притисок од негова страна и заканите кои постојано ги добиваат од општината за преместување од нивните работни места и отпуштања.