(ВИДЕО) Продолжуваат протестите во Ереван

Продолжуваат протестите во Ереван

Стотици Ерменци веќе 11 ден протестираат на централниот плоштад во Ереван и го блокираат сообраќајот на главниот булевар и покрај вчерашното предупредување од полицијата, која се закани дека ќе ја растера масата, објави МИА.

Ерменците протестираат поради зголемување на цената на електричната енергија. Вчера околу 10.000 луѓе извикуваа „Ерменија! Ерменија! или „Не на кражбата“ под прозорците на претседателската палата и покрај полициската наредба да го напуштат реонот.

Демонстрантите бараат да се замрзне зголемувањето на цената на електричната енергија за 16 проценти откако тоа од Владата го побара компанијата „Електродистрибутивни мрежи на Ерменија“.

„Електродистрибутивни мрежи на Ерменија“ е сопственост на компанијата „Интер-РАО“ на рускиот бизнисмен со ерменско потекло Игор Сечин, кој е близок со рускиот претседател Владимир Путин.