Колапс и се заканува на црквата Св Христос, која се наоѓа во регионот на Корча, јавуваат албанските медиуми.
Директорот на Бирото за заштита на спомениците на културата во оваа црква, Василиј Колевица, алармираше дека е потребна итна реставрација на црквата.
„Ѕидовите и фрескоживописот се целосно пропаднати. Потребна е итна рестраврација на оваа црква“, истакна Колевица кој поднел жалба до албанското Министерство за култура да се реновира црквата која датира од 16 век.
Тој напомена дека иако Министерството пред неколку месеци го санирало покривот на старата православна црква, потребна е итна санација на внатрешноста во спротивно ќе исчезне овој важен средновековен споменик на културата со сите негови историски вредности.
Црквата Св. Христос е светилиште кое се наоѓа на околу два километри од Корча и важи за една од најраните верски објекти на Балканот.