Денеска малку по 14:30 започна протестот за поддршка на жртвите од „јавна соба“.
Мотото на маршот е „Јавна соба е кривично дело!“, а е организиран од Платформата за родова еднаквост.
Организаторите на маршот бараат од Јавното обвинителство темелно да го расчисти случајот „Јавна Соба“, но и соодветно да ги казни администраторите.
Маршот започна од пред Министерството за внатрешни работи, а ќе заврши пред Јавното обвинителство.