Рок-група Rolling Stones започна во неделата со американската делница од турнеата под насловот „No Filter“ со видеото посветено на неодамна починатиот тапанар на бендот Чарли Вотс.
Британскиот бенд, на својата прва турнеја од 1963 година без Вотс, ги прикажа неговите фотографии и видео-снимки на глоемите проекторски платна во арената во Сент Луис во сојузната држава Мисури, со соло звук на тапани.
Додека масата од 60.000 луѓе извикуваа „Чарли, Чарли“, Мик Џегер, Кит Ричарса и Рон Вуд излегуваа на сцената за да ја отсвират првата нумера „Street Fighting Man“.
„Беше многу потресно да се видат тие слики на Чарли на екранот. Ова е првата турнеа којашто ја работиме без него“, рече Џегер држејќи се за раце на сцената со Ричардс.
Им се заблагодари на обожавателите на пораките со поддршка и му одаде почест на Вотс, велејќи дека бендот го сметал „навистина трогтелни“.
„На сите нам многу ни недостига Чарли, и на сцената и надвор од неа“, додаде Џегер.
Спротивно на слуховите ги немаше логото на Rolling Stones на исплазениот црн јазик за да се одбележи смртта на Вотс. Тапанарот почина во август во Лондон по операцијата за којашто не се објавенни поeдиностите.
Во неделата во Сент Луис, Стив Џордан го зазема местото на Вотс зад тапаните. Џордан во август беше најавен како привремена замена за Вотс, за кој се сметаше дека ќе се врати по закрепнувањето од третманот.
Турнеата којашто се состои од 13 концерти беше одложена поради пандемијата на коронавирусот а сега ќе заврши во ноември. Членовите на бендот притоа беа амбивалентни околу тоа дали ова ќе им биде и послената турнеа.
„Тоа прашање ми го поставуваат од 31-та година“, изјави минатата седмица 78-годишниот Мик Џегер кој го оперираше срцето во 2019 година.
„Не знам. Мислам, сешто може да се случи. Знаете, доколку следната година работите бидат добри и сите добро се чувствуваат на турената, сигурен сум дека ќе работиме концерти. Сега само се обидувам да се концентрирам на оваа турнеа“, порача фронтменот на бендот.