Претседателот на Русија Владимир Путин, шетајќи низ Санкт Петербург, каде го чествуваше Божик, го посети и фестивалот на ледени фигури.
Тој реши да се приклучи на традицијата и „замрзна“ паричка за среќа на една од фигурите – ледено прасенце.
На овогодишното издание на фестивалот „Пат околу светот“ главна атракција беше фигурата од осумметарскиот брод со платна, на кој се претставени сите континенти со нивните главни обележја од архитектурата, флората и фауната.