ВИДЕО| Расте бројот непознати предмети на небото, предупредува Пентагон

Расте бројот на непознатите предмети на небото последните дваесет години, истакна во вторникот функционер на американското министерство за одбрана пред пратениците, но не го потврди постоењето интелигентна форма на живот надвор од Земјата.

Американскиот Конгрес, поточно неговиот долен дом Претставничкиот дом, првпат по повеќе од половина век во вторникот одржа сослушување на темата „неидентификувани појави на небото“. Сослушувањето пред разузнавачкиот поткомитет на Претставничкиот дом се одржа 11 месеци по извештајот во кој се документираат повеќе од 140 случаи на она што американската администрација официјално го нарекува „неидентификувани воздушни феномени“ (UAP) коишто американските пилоти ги забележувале од 2004 година.

„Од почетокот на 2000-те години забележуваме сѐ поголем број неидентификувани предмети“, изјави Скот Бреј, заменикот на директорот на разузнавачката служба на американската воена морнарица.

Бреј тој раст го припиша на „значителните напори“ коишто американската војска ги вложува за да го „демистификува самиот чин на известувањата за забележувањата“, како и на технолошкиот напредок. Сепак, напомна дека не е откриено ништо „што би упатувало на тоа дека тие феномени настанале надвор од Земјата“, Но и не ја исклучи таквата можност.

Во јуни 2021 година американската разузнавачка морнаричка служба наведе во долго исчекуваниот извештај дека нема докази за постоење на вонземјани, признавајќи дека сепак десетици од 144-те случаи во извештајот коишто ги забележале воените пилоти не можат да бидат протолкувани.

Некои може да се протолкуваат со присутност на беспилотно летала и птици кои ги збунуваат радарските системи на американската војска. Други може да се припишат на испитувања на воена опрема и технологии кои ги спроведуваат другите сили, како Кина и Русија.

Американската армија и разузнавачката служба, во прв ред, сакаат да утврдат дали овие „неидентификувани феномени во воздухот“ може да се поврзат со закана по националната безбедност на САД.

„Наидентификуваните воздушни феномени може да бидат закана за националната безбедност. И мораме да им пристапуваме како на такви“, изјави демократскиот пратени Андре Карсон, претседател на парламентарниот поткомитет кој го организираше сослушувањето.

Попопуларниот израз НЛО долго е поврзуван со вонземски летала коишто не се споменати во во извештајот за UAP од ланскиот јуни. Наместо тоа, фокусот беше ставен на можните импликации за американската национална безбедност и безбедноста на авијацијата. Меѓутоа, во извештајот некои од UAP случаите претходно беа претставен во видеоснимки на загадочни воздушни објекти коишто ги објави Пентагон. На тие видеоснимки неидентификуваните објекти покажуваат брзина и маневрирање коишто ја надминуваат познатата воздухопловна технологија.

Воените и разузнавачки аналитичари коишто го подготвувале извештајот за случаите на „неидентификувани воздушни феномени“ не понудиле никакви докази за потеклото на кој и да е од 144-те случаи, освен еден припишан на голем балон кој се издувал. За истражување на споменатите феномени од ланскиот ноември е задолжена нова агенција на американското министерство за одбрана под насловот Група за идентификација на воздушни објекти и синхронизација на управувањето.