Руските фази ја започнаа во вторникот првата фаза од вежбите коишто вклучуваат „практична обука за подготовка и користење на нестратешко нукеларновооружување“ за кои претседателот Владимир Путин изјави дека се „планирани активности“.
Тактичкото, или нестратешко нуклеарно оружје, е помалку моќно од стратешкото вооружување дизајнирано за збришување на цели големи непријателски единици, па дури и градови, но во секој случај има голем разорен потенцијал.
Како што соопшти руското Министерство за одбрана, првата фаза ја започнал Јужниот воен округ, во чија надлежност спаѓаат и воените дејствија во Украина. Белорусија, којашто од раните 1990-ти години има склучено договор со Москва за ткн Сојузна држава. а каде руската армија распореди тактичко нуклеарно оружје минатата година, исто така, ќе биде вклучена во вежбите, соопштија двете земји.
„Во согласност со инструкциите на Врховниот командант…., во Јужниот воен округ започна првата фаза од вежбата со практично тестирање на подготовката и употребата на нестратегиско нуклеарно оружје под водство на Генералштабот на вооружените сили“, се наведува во соопшението.
Се додава дека личниот состав на ракетните формации од Јужниот воено округ увежбува извршување борбени задачи со испорака на специјална муниција за тактичкиот ракетен систем „Искандер“, опремување на возилата за лансирање на овие проектили и тајно распоредување на позиции за лансирање.
Во вежбите, според истиот извор, се вклучени и единици на военото воздухопловство кои вежбаат инсталирање специјални борбени единици, вклучително и аеробалистичките хиперсонични ракети „Кинжал“,како и изведување летови до одредени области на патролирање.
„Вежбата која е во тек е насочена кон одржување на подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратешкото нуклеарно оружје за одговор и со цел безусловно обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на руската држава како одговор на провокативните изјави и закани на одделни западни функционери против Руската Федерација“, се истакнува во соопштението на Министерството за одбрана.
На почетокот од мај, Генералштабот, по инструкции на претседателот Путин започна со подготовки за одржување скорешни вежби. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека маневрите треба да се гледаат во контекстот на неодамнешните „воинствени изјави на западните претставници и дестабилизирачките акции на НАТО“.
Руското Министерство за надворешни работи тогаш ги цитираше коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој неколкупати ја отвори можноста за испраќање европски копниени сили да се борат против Русија во Украина, и на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој рече дека Украина има право да користи оружје обезбедено од Лондон за напади врз цели во Русија.
Безбедносните западни аналитичари велат дека вежбата претставува предупредување на Путин до Западот повеќе да не се вклучува во војната во Украина, каде е присутен всушност веднаш по превратот во Киев во март 2014 година и што вклучува покрај испорачувањето напредно оружје и разузнавачки информации, вклучително и сателитски снимки. Засега Западот декларативно тврди дека се воздржа од испраќање војници, меѓутоа сѐ почести се доказите дека западни високи офицери и воени инструктори се присутни во редовите на украинските сили, како и активни војници од западните армии кои се претставени како доброволци или платеници, кои својата служба ја ставаат во мирување и склучуваат договори со Киев.