ВИДЕО| Русија го претстави новиот борбен авион од петтото поколение

Русија во вторникот на МАКС, годишниот воздухопловен изложбен саем на авиони во Москва, го претстави прототипот на својот нов борбен авион „Сухој“, борбено летало од петтата генерација за кој е најавено дека ќе полета првпат во 2023 година, а првата серија треба да биде произведена во 2026 година

Воениот авион кој го доби името „Checkmate“ (шах-мат), се проценува дека ќе биде голем ривал на американскиот „невидлив“ ловец „F-35“, вели Олег Пантелеев, шф на аналитичката служба на специлизираната агенција „Авиапорт“.

Се очекува дека новиот руски борбен авион првпат ќе полета во 2023 година, а првата серија би требало да биде произведена ово 2026 година, соопштија производителите при претставувањето.

Од „Ростех“, рускиот државен воздухопловен и одбранбен конгломерат, порачаа дека авионот тешко ќе биде детектиран од провиничките радарски системи и оти ќе има ниски оперативни трошоци.

Порачуваат дека авионот добил уникатна комбинација на карактеристиките на летотот, борбена ефикасност по прифатлива цена и ниска цена на лас летање.

Имено, рускиот лесен тактички ловец „Checkmate“ че чину меѓу 25 и 30 милиони олари, додека европските пандани како францускиот „Dassault Rafale“ и шведскиот „Saab Gripen“, чинат меѓу 60 и 90 милиони долари.

„Максималното борбено оптоварување е 7.400 килограм, опсегот на летот без надворешните резервоари за гориво изнесува 2.900 километри. Ова се многу високи бројки за конвенционално лесните едномоторни летала“, истакнаа од „Ростех“.

Во промотивното видео учествувале пилото од Обединетите Арапски Емирати, Индија, Виетнам и Аргентина, па се претпоставува дека Русија својот нов борбен авион има намера да го претстави и на странските пазари. Впрочем Сергеј Черезов, генералниот директор на „Ростех“ во интервју за агенцијата РИА потврди дека потенцијалните порачки очекува да дојдат од државите од Блискиот исток, Азиско-пацифичкиот регион и Латинска Америка.

Последните години Русија успешно претстави и произведе прототипови на новите системи за вооружување, но западните медиуми оценуваат дека веројатно имала одредени проблеми со почетокот на сериското произвдоство, веројатно сметајќи на илјадниците санкции кои Западот изминатата деценија ѝ ги наметнува на Москва.

Откако во 2014 година во Украина со превратот во Киев беше соборена промосковската влада и избувна граѓанската војна меѓу украинските сили лојални на Киев и силите од рускојазичните региони, Русија под водство на претседателот Владимир Путин засилено издвојува за своето стратешко вооружување. Покрај вложувањата во рамките на вооружувањето на сопственист сили, Москва покажува и засилени амбивции за зголемување на приходите од извозот на оружје. Воени експерти оценуваат дека новите руски оружја, слично како и во ракетната програма, се засноваат делумно и на напуштени програми од ерата на Советскиот сојуз во времето на блоковската Студена војна.

Руските воздухопловни сили веќе ги има борбените авиони од четвртата генерација „Сухој Су-27“ од ткн „тешка категорија и „Микојан МиГ-29“ од лена категорија. Како што посочи Пантелеев, од групата авиони од тешка катергорија, Русија засега го има само моделот од петтата генерација „Су-57“, кој досега немаше свој еквивалент во „лесната коњаница“.

„Борбените авиони од лесна категорија се побарани отколку авионите од тешка категорија, поевтини се и посоодветни за државите кои немаат големи територии“, вели Пантелеев во интервјуто за Reuters.

Русија својот пандан на американските „невидливи“ авиони под ознаката „Сухој Су-57“ го претстави на МАКС во 2011 година. Сопственик на компанијата кои ги произведува авионите „Сухој“, а која датира уште од советската ера, е компанијата со назив за странство „United Aircraft Corporation“, дел од конгломератот „Ростех“.