Русија во понеделникот успешно ја тестираше хиперсоничната крстосувачка ракета од типот „Циркон“.
Ракетата е ланисирана од фрегатата „Адмирал Горшков“, воен брод стациониран во Бело Море. Проектилот „Циркон“ леташе со брзина седум пати поголема од звукот и погоди цел на 350 километри на брегот на Баренцово Море.
„Тактичките и техничките карактеристики на Цирконот се потврдени со оваа тестирањеР, соопшти руското Министерство за одбрана.
Русија планира со ракетата Циркон да ги опреми сите подморници и воени бродови.
Путин уште во 2018 година најави спектар на ново хиперсонично оружје, а следната година се закани дека ќе распореди хиперсонични проектили на бродовите и подморниците, за да бидат подготвени да дејствуваат во случај САД да распоредат нуклеарно оружје со среден дострел во Европа.