(ВИДЕО) Русија во Атлантски Океан испрати фрегата вооружена со моќни хиперсонични крстосувачки проектили

Рускиот претседател Владимир Путин испрати денес во Атлантски Океан фрегата вооружена со хиперсонични крстосувачки проектили „циркон“. Заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и Игор Крокмал, командантот на фрегатата „Адмирал на флота на Советскиот Сојуз Горшков“, Путин на видеоконференција кажа дека бродот е вооружен со хиперсонично оружје „циркон“.

„Овој пат бродот е опремен со најновиот хиперсоничен ракетен систем „циркон“, за кој не постои еквивалент“, кажа Путин. „Ова е хиперсоничен поморски систем“.

Шојгу кажа дека фрегатата Горшков ќе плови до Атлантски и Индиски Океан и до Средоземно Море.

„Овој брод, вооружен со „циркон“, е способен да изведе прецизни и силни удари против непријателот на море и на копно“, кажа Шојгу. Ракетите летаат со брзина девет пати поголема од бризната на звукот и имаат дострел од над 1.000 километри, додаде тој.

Русија, Кина и Соединетите Американски Држави се во трка со хиперсоничното вооружување. Поради својата брзина, пет пати поголема од таа на звукот, и способноста за маневрирање, таквото оружје се смета за надмоќно против секоја противвоздушна одбрана.