Автомобил налетал на детска количка во Будва на 2 август и едногодишното бебе од Холандија се здобило со повреди.
Таткото со количката преминувал на пешачки премин недалеку од кружен тек, кога во нив удрило возило со кое управувала руска државјанка.
Таа со автомобилот ја згазила количката и поминала преку ногата на шокираниот татко, па дури тогаш го запрела возилото.
Полицијата во Будва поднела кривична против Русинката, а бебето со лесни повреди било пуштено од болница.