(ВИДЕО) Руски борбен авион прелета близу американски носач на авиони

На јутјуб каналот Fighterbomber е поставено видео од прелетот на руски воен авион „Ил-38“ во близина на американскиот носач на авиони „USS George Washington (CVN-73)“.

Во описот на видео-материјалот се наведува дека американските ловци успеале да го пресретнат „Ил-38“ кога тој бил на 30 километри од американското пловило, но оти тоа не го спречило рускиот авион да се приближи кон носачот на авиони.

Според авторот на видеото, пилотите на ловците се однесувале професионално во текот на пресретнувањето на натрапникот. А корисниците на социјалните мрежи рускиот авион го нарекуваат „летечки музеј“, бидејќи првиот модел е создаден во советската ера.

На истиот јутјуб канал минатата седмица беше објавен видео материјал снимен од пилот на руски борбен авион „МиГ-31“, кој придружувал стратешки бомбардер од типот „Ту-95МС“, про блиска средба со американски ловец „F-16“ во составот на НАТО.

На снимката може да се види како рускиот ловец му се приближува на „F-16“ и го поздравува пилотот на авионот на НАТО. Во описот на материјалот не е наведено кога се случил инцидентот.

Минатиот понеделник командата на американсата Шеста флота издаде соопштение дека по вторпат за четири дена риски борбен авион „Су-35“ прелетал на само 7,5 метри пред американски патролен противподморнички авион од типот „P-81A Poseidon“ во меѓународниот воздишен престор над Средоземното Море.

Осудувајќи го маневарот на рускиот авион, американската команда истакна дека со тоа била загрозена безбедноста на екипажите и на двете летала, предупреди дека четири дена претходно се случила уште една опасна „блиска средба“ меѓу летала од истите типови, кога рускиот авиони прелетал на „помалку од осум метри“ пред американскиот.

Последните години со растењето на тензиите меѓу Русија и Западот, зачестени се ваквите „блиски средби“ на борбени авиони и надлетувања на воени пловила на спротивната страна, по кои двете страни меѓусебно се обвинуваат за недоговорност и крајно опасни маневри.