ВИДЕО| Руски хакери ги објавија податоците за вработените во американски „Lockheed Martin“ кои работат на ракетните системи HIMARS

Групата руски хакери именувана Killnet на својот профил на апликацијата Telegram, како што тврди, докази за хакирање на системот за внатрешни овластувања на вработените во американско воено-индустриската корпорација „Lockheed Martin“, кои ги произведува ракетните системи со висока мобилност и долг дострел HIMARS коишто САД во рамките на својата воена помош ѝ ги испорачуваат на Украина во борбата против Русија.

„До вчера велеа дека сите податоци за вработените во Lockheed Martin се безбедни (не). Што ќе правиме со податоците на вработените?“, прашуваат иронично хакерите во својата објава.

Кон објавата е приложено видео од листа со податоците на стотици вработени во гигантот во американската одбранбена индустрија, како електронска пошта, адреси на филијали, телефони, фотографии…

Хакерската група Killnet, ден претходно објави дека го хакирала системот на „Lockheed Martin“. Подоцна хакерите известија дека корпорацијата го обновила функционирањето на својата мрежна страница и безбедносниот систем за овластувања, но не и податоците.

Корпорацијата „Lockheed Martin“ соработува со „BAE Systems“ в развојот на ракетните системи за повеќекратно лансирање „M142 HIMARS“ (High Mobility Artillery Rocket System). Системот кој се одликува со голема подвижност и користи ракети со долг дострел меѓу 60 до 300 километри, се произвдува во САД од 2003 година. Овој систем се базира на триоскена шасија и може да понесе шест проектили или една оперативна тактичка ракета од типот „земја-земја“ со дострел до 200 километри и брзина од 1.500 метри во секунда.

Во големата американска помош на Украина од почетокот на руската инвазија, Вашингтон на Киев ѝ испорачал 16 вакви системи, за кои се тврди дека придонеле за успешност на украинската војска во артилериските дуели со надмоќната руска војска. Минатата седмица руското министерство за одбрана објави дека од почетокот на јули уништила шест вакви американски системи по нивното испорачување на фронтот во Украина, а Вашингтон ги негираше таквите тврдења од Москва.

Според неодамнешната изјава на припадник на украинскиот воено разузнавање, Вадим Скибицки, украинската војска пред секое користење на системите HIMARS се консултира со американската страна во врска на предвидените цели, што според Москва потврдува дека САД директно во реално време на Киев му доставуваат сателитски снимки за руските цели.

Последната седмица од јули советникот на Белата куќа за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека американскиот претседател Џо Бајден не е подготвен во рамките на големата нова воена помош на Украина да ѝ испорача проектили за високомобилните повеќекратни ракетни лансери HIMARS со дострел до 300 километри за да се избегне можноста од Трета светска војна. И претходно кога во Вашингтон беше објавена одлуката за исппораки на овие ракети на Киев, биле добиени гаранции од украинското водство дека со нив нема да бидат гаѓани цели на територијата на Русија што може да доведе до голема ескалацција на конлфиктот.