ВИДЕО| Руските ловци пресретнаа американски и француски авиони над Црно Море

Руското министерство за одбрана во четвртокот повторно соопшти дека наредило полетувањето на своите борбени авиони од пограничните сили за да ги пресретнат и проследат американските и француските воени авиони кои летале кон нејзините граници над Црното Море, што е нова таква ситуација во екот на засилените тензии и воинствени пораки меѓу Западот и Москва.

„Три ловца од типот ‘Су-27’ полетаа за да ги идентификуваат објектите во воздухот и да спречат повреда на границата на Руската Федерација“, соопшти руското министерство за одбрана.

Се додава дека пилотите на руските ловци ги пресреле и проследувале франциските борбени авиони од типот „Mirage 2000“ и „Rafale“, авионот за снабдување „К-135“ на француското воено воздухопловство, како и два извудувачко-разузнавачки авиони „CL-600 Artemis“ на американските копнени сили и „RC-135“ на американското воено воздухопловство.

По преследувањето и скршнување на петте авиони од корусот кон руската граница, нејзините ловци се вратиле на матичните ародроми. Во соопштението се додава дека. Министерството потсетува и дека ден преходно, исто така, биле пресрентата и преследувани три француски борбени летала над Црното Море.

Од своја страна, Генералштабот на вооружените сили на Франција негирапе дека ловците „Mirage 2000“ и „Rafale“ биле испратени кон рускиот воздушен простор. Додаваат дека авионите биле само во набљудувачка мисија, а нивниот лет бил во согласнот со меѓународното право.

„Односот на руските пилоти беше професионален и содвествен на практиките. Не ги попречуваат летовите на француските авиони, ниту новната слободна навигација во меѓународниот воздушен простор“, изјавиле извори од француското министерство за одбрана.

Претходно месецов рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу укажа на зголемените активности на борбени летала на западните земји во близина на руските граници особено од крајот на ноември, а медиумите наведуваат дека се симулирани во тој период нуклеарни воздушни удари врз Русија. Шојгу истакна дека Москва во услови на зголемена активност на нејзините граници е принудена да ја задржува борбената готовност на стратешките нуклеарни сили и да го зголемува поренцијалот на своите сили за нуклеарно одвраќање.