ВИДЕО| Руските мировни сили евакуираа повеќе од 2.000 луѓе од најопасните области во Нагорно Карабах

Руските мировни сили евакуираа повеќе од две илјади луѓе од најопасните области на Нагорно Карабах, соопшти Министерството за одбрана.

Во вторникот, Баку објави почеток на „антитерористичка“ операција во својот отцепен регион Нагорно-Карабах, кој е претежно населен со етнички Ерменци. Ерменија го обвини Азербејџан за неиспровоцирана агресија.

Баку ќе ги прекине своите антитерористички активности во Нагорно-Карабах доколку ерменските борци го положат оружјето, изјави претседателот на Азербејџан Илхам Алиев во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, соопшти претседателската прес-служба.