Една дивизија од „С-400“ и батерија од „Панцир С“, руски противвоздушни системи се префрлени во Србнија каде што првпат ќе учестуваат на воени маневри во странство, соопшти руското министерство за одбрана во четвртокот.
„Руските единици за противвоздушна одбрана со протиавионските ракетни системи С-400 и протвракетните системи Панцир С се префрлени со воени трансппортни авиони на територијата на Србија“, се наведува во соопштението на рускот министерство.
Се истакнува дека системите ќе бидат вклучени во втората фаза во заедничките воени вежни „Славјански штит 2019“. Министерствоо додава дека ова е првпат дивизја од „С-400“ и системот „Панцир С“ да учествуваат на маневри на територија на странска држава, пренесува агенцијата Sputnik.
Заедничката тактичка вежба со боево гаѓање на ракетните единици на Противвоздушната одбрана на Војската на Србија и Воздушно-космичките сили на Руската Федерација ќе се одржи во областа на аеродромот во Батајница и на полигонот „Пасуљанске ливаде“, со ангажман на другите единиц од составот на Военото воздухопловство и противвоздушната обрана на Војската на Србија, соопшти српското министерство за одбрана.
Целта на вежбата е обука и употреба на заедничка групација на војските на двете земји во противвоздушната одбрана на дадена територија, како и употреба на силите во одбрана од извидувањеа и дејствија на непријателот од воздух, како и обука и увежбување на командите и единице за изведување операции на противвоздупната одбрана.
Воениот аналитичар Александар Радиќ оценува за агенцијата Beta дека учестувањето на руската војска со најсоврмените ракетни системи на вежба во Србија е „добро за припадниците на Војската на Србија од стучна страна“, но дека тоа ќе „предизвика кризни моменти на надворешнополитички план“, бидејќи, како што вели, „од Запад ќе дојдат некои многу непријатни прашања“. Тоа може да предизвика и проблеми со Западот за тоа „што Србија прави и против кого се увежбува“, вели Радиќ истакнувајќи дека „дострелите на системите С-400 се далеку преку границите на Србија“.
„Иако тоа е одбранбен систем, ние со ова праќаме јасна порака. Реакциите кои можеме да ги очекуваме не се нималку поволни и ќе биде тешко да се осмисли одбрана за политичката позиција на Србија на оваа вежба“, оценува Радиќ.
Неговата оцена е дека овој чин на Москва ќе биде протолкуван како подготвеност на Русија да ја брани Србија.