ВИДЕО| Руското ФСБ објави за уште еден учесник во убиството на Дарја Дугина

Убиството на младата руска новинарка и политикологот Дарја Дугина претходно месецов во Москва, задно со осомничената Украина Наталија Вовк го подготвувал уште еден член на диверзантската група кој ја напуштил Русија ден пред детонацијата на автомобилот на жртвата, соопшти во понеделникот руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

„Во текот на натамошните настани, утврдено е дека убиството на Дарја Дугина, заедно со Наталија Вовк во Москва го подготвил уште еден припадник на украинско диверзантска-терористичка група, украинскиот државјанин Богдан Петрович Циганенко, роден 1978 година, кој пристигнал во Русија транзитно преку Естонија на 30-ти јули 2022 година и ја напуштил територијата на Русија еден ден пред детонацијата“, се наведува во соопштението на ФСБ.

Според наводите во објавата на руското разузнавање, Циганенко наводно на Вовк ѝ ги дал лажните регистарски таблички и лични документи на име на реална државјанка на Казахстан идентификувана како Јулија Заијко, и ѝ помогнал да ја состави импровизираната експлозивната направа во изнајмена гаража во југозападна Москва.

„Како резултат на проучувањето на камерите од видео надзорот, документирано е дека сторителката на кривичното дело украинската државјанка Наталија Павловна Вовк, родена 1979 година, лично ја следела Дарја Дугина на паркингот за гостите на фестивалот Традиција“, се додава во соопштението кое го цитираа руските агенции.

Според сознанијата на истрагата, откако се уверила дека Дугина го напушта фестивалот, Вовк ја следела со автомобилот „Mini Cooper“ и ја активирала импровизираната експлозивна направа. По што веднаш заминала кон Естонија.

Триесетгодишната новинарка и политиколог Дарја Дугина, ќерка на познатиот филозоф и публицист Александар Дугин, кој на западот се доживува како силно влијателен врз рускиот претседател Владимир Путин, загина вечерта на 20-ти август, откако по експлозија изгоре автомобилот кој го управувала на автопатот во Московската област. Според прелиминарните сознанија на истрагата, бил активиран експлозив поставен на автомобилот под возачкото седиште, откако Дугина го земала возилото на таткото кој заминал со друг автомобил по присуство на културен фестивал. Наводно зад убиството стојат украински специјалци, сторителот е украинската државјанка Наталија Вовк, која со 12-годишната ќерка пристигна во Русија на 23-ти јули со регистерски таблички од прорускиот одметнат регион Доњецк,а по атентатот преку регионот Псков заминала во Естонија.