
Во делови од Аљаска, земјата толку многу тоне што дрвјата речиси и да растат хоризонтално, а пешачењето повеќе наликува на лебдење. Оваа појава научниците ја нарекоа „пијана шума”.
Главниот извор на оваа појава, според научниците, е топењето на мразот. Тие велат дека топењето на мразот може да има застрашувачки последици за климата.
Огромни количини на јаглерод, поради одамна изумрена флора и фауна, се замрзнати во Арктикот. Но, како што се топи мразот, така почвата го конзумира јаглеродот и всушност го претвора во јаглероден диоксид и метан, двата главни гаса во ефектот на стаклена градина.
Неодамнешните студии, вклучително и алармантниот извештај на Обединетите нации за климатските промени, сугерираат дека расте присуството на гасовите во атмосферата, додека планетата се загрева, а нивните ефекти се тешко предвидливи, токму како „пијаните шуми“ во Аљаска, кои инаку се забележани и во Сибир и во близина на Калининград, Русија.