ВИДЕО| САД ќе се обидат побрзо да дојдат до клучните делови од соборениот кинески балон

Американската армија соопшти во саботата дела ќе се обиде што е можно побрзо да ги пронајде клучните елементи од кинескиот балон за кој Вашингтон тврди дека бил шпионски меѓу остатоците во близина на брегот на сојузната држава Јужна Каролина, откако во саботата го соборил борбениот авион од моделот „F-22“ со еден истрелан проектил.

„Потрагата е во тек. Колку таа ќе трае допрва треба биде утврдено“, изјавил за новинарите висок функционер на одбраната на САД, додавајќи дека остатоците биле лоцирани во релативно плитки води.

Висок воен функционер, пак, рекол дека предвидува оти повторното составување на балонот нема да трае со седмици или месеци, туку дека ќе се одвива релативно брзо.

Безбедносни експерти оценија дека се чини оти летот на кинескиот наводно шпионски сателит над САД, означува поагресивна тактика на шпионажа од потпирањето на сателити и кражба на индустриските и одбранбените тајни. И САД и Кина со децении ги користеа шпионските сателити за да ја следат противничката страна од воздух.

Балонот беше откриен над Монтана во средата, каде што 150 интерконтинентални балистички ракети вооружени со нуклеарни боеви глави се складирани во воена база на северот од оваа американска сојузна држава, а Пентагон соопшти дека претседателот го одобрил уривањето истиот ден.

„На еден начин тоа е повеќе аматерски… Зарем камерите на нивните сателити немаат доволно висока резолуција па мора да испратат балон?“, коментираше поранешниот советник на Белата куќа за национална безбедност Џон Болтон.

Препукувањата околу балонот доаѓаат во времето кога Кина брзо ги развива своите воени способности што САД го сметаат за предизвика за својата воена доминација на Пацификот. Вашингтон, исто така, верува дека Пекинг настои да дојде до информации и да ги преземе технологиите од американските компании.

Кинеската дипломатија соопшти дека балонот имал цивилна, метеоролошка и научна цел, како и дека скршнал во американскиот воздушен простор поради силни ветрови, обвинувајќи ги во саботата американските политичари и водечки медиуми дека ја искористуваат ситуацијата за да ја дискредитираат Кина.

Претходно Пекинг категорично ги одби обвинувањата за шпионажа и оцени дека САД имаат менталитет од Студената војна и постојано ја потенцираат наводната „кинеска закана“.

Балонот открие седмицава изгледаше намерно провокативен, изјави Ден Ченг, виш советник за кинеската програма при американскиот Институт за мир.

Мајк Роиндс, републикански член на Комитетот за вооружените сили во американскиот Сенат, изјави за телевизиската мрежа Fox News дека би било добро повторно да се состави балонот за а се види „дали намерата му била навистина собирање податоци или тестирање на нашите способности за одговор“.

Ендрју Антониот, коосновач на стартапот за балони на големи височини „Urban Sky“, вели дека струите на ветровите од кои зависат балоните на големите височини за управување на долги летови е најмалку поволен во зима, сугерирајќи дека можеби намерите на Кина не биле да се цели одредено место во САД.