Американските власти еместија четири илјади мигранти од Хаити од логорот Дел Рио во сојузната држава Тексас, каде е регистрирано злоставување, а се очекува дека повеќе миранти ќе одлетаат во вторник со четири авиони, изјави министерот за внатрешни работи Лехандро Мајоркас.
„Многу брзо ги преместуваме мигрантите во други центри каде се чекаат решенијата за азилот, за да ја осигуриме нивната безбеднсот како и безбедноста на заедницата. Поединци ги враќаме во нивните татковини, очекуваме драматични промени во следните 48 до 96 часа“, изјави Мајоркас во интервјуто за телевизијата CNN.
Стотици Хаиќани се вратија во понеделникот во Мексико од мигрантскиот камп преку гранциата во тексашки Дел Рио, стравувајќи од протерување во нивната татковина, бидејќи американските власти организираа летови за назад во Хаити.
Белата куќа го критикуваше користењето коњи поради заплашување на хаитските мигранти, откако се проширија снимки на американската погранична полиција на коњи како јури на мигрантите во близина на споменатиот камп крај реката во Тексас.
Кампот, кој е под мостот преку Рио Гранде, е последното жеришта на американските власти кои настојуваат да го запрат приливот мигранти кои бегаат од насилствата на бандите и екстремната сиромаштија во нивните матични земји.
Министерот Мајоркас рече и дека во тек е истрага за постапувањата со мигрантите, како и дека на местото на настаните ситуацијата ќе ја следат набљудувачи од Бирото за професионална одговорност.
„Нема да толерираме какво и да е злоставување. Бев ужаснат од она што го видов. Ќе пуштам истрагата да оди по нејзиниот тек. Но призорите кои ги видов ме загрижуваат“, додаде Мајоркас за CNN.