ВИДЕО: САД се бори со снегот, рекордно ниски температури

Снежната виулица предизвика во петокот хаос во североисточните област, предизвикувајќи повеќе од 2.300 летови и одложување на 3.900, парализа на сообраќајот и затворање на училишта и владини канцеларии, јавува Fox News.

Со првата зимска бура во 2014 година дојдоа и ниските температури, силните ветришта од Мисисипи до Атлантскиот брег и обилни снежи врнежи во поголемиот дел од североистокот на САД. Бурата загрози 100 милиони луѓе.

Интензивните снежни врнежи, силниот ветар и екстремно  ниските температури, кои го погодија североисточниот дел на САД, однесоа најмалку 16 животи.

Повеќето од жртвите настрадаа во сообраќајни несреќи по лизгавите коловози, една жена заболена од Алцхајмеровата болест се смрзнала откога одлутала од својот дом, а еден работник беше затрупан со куп сол, наменет за расфрлање по патиштата.

За време на викендот во некои држави живата на термометрите се спуштила и до 25 степени под нулата.

Во некои делови од сојузната држава Масачусетс наврнале и до 60 сантиметри снег, а во најголемиот град од оваа држава Бостон паднале 36 сантиметри снег, додека во Хартфорд 25, а во Филаделфија и Балтимор по 15 сантиметри.

Гувернерите на државите Њујорк и Њу Џерси прогласија вонредна состојба и апелираат до населението да остане во своите домов. Во овие сојузни држави, но и на американскиот североисток, затворени се училиштата и владините служби, освен оние најважните.