(ВИДЕО) САД успешно тестирале хиперсоничен проектил

Пентагон во петокот соопшти дека ден претходно успешно го тестирал надзвучниот проектил, како и оти се надева дека тој ќе биде операбилен за пет години и ќе биде конкурентен на сличното вооружување кои го развија Русија и Кина.

„Министерството за одбрана успешно го тестираше хиперсоничниот проектил во текот на пробниот лет изведен од центарот Кауаи на Хаваи“, се наведува во соопштението на американското министерство за одбрана.

Прототипот на ракетата летал со хиперсонична брзина пет пати поголема од брзината на звукот и стасал на предвидената цел. Вицеадмиралот Џон Волф, задолжен за развој на новото оружје, рече дека американската војска е подготвена за следната фаза, односно, за хиперсоничен удар на теренот. Вашингтон, инаку, во ноември 2019 година соопшти дека во тој момент САД не развиваат хиперсонично оружје.

„Овој тест се заснова на успехот што го имавме со експерименталниот лет на 1-ви октомври 2017 година, во кое нашиот проектил (Common-Hypersonic Glide Body – C-HGB) постигна одржливо хиперсонично движење на нашето целено растојание“, изјавил Волф пренесува интернет ресурсот DefenseNews.

Хиперсоничните ракети може побрзо да се разместат од балистичките ракети со нуклеарно полнење, а упште побрзо од крстосувачките проектили. Можат да постигна различни висини и имаат многу добри маневарски способноси, и многу лесно може да ги избегнуваат актуелните состеми за противракетните одбрани.

Тоа, според стручната јавност, во прв ред се однесува на руските хиперсонични проектили. Москва во декември објави дека го распоредила првиот надзвучен проектил „Авангард“ и така стана првата земја во светот кој во својот арсенал го има ова вооружување. Според руското министерство за одбрана, оваа ракета била тестирана при брзина од 33.000 километри на час.

Во февруари годинава, пак, Русија тестираше и нов надзвучен проектил „Циркон“ кој има дострел од 500 километри, а наметен е за вооружување на бродови и подморници. Тој би требало да постигне брзина од 9 маха, со дострел поголем од 1.000 километри.

Хиперсоничниот проектил „Кинџал“, пак, е во состав на руската армија од 2018 година. Достигнува брзина до 10 пати поголема од брзината на звукот, достигнува височина до границата на стратосферата и маневрира во текот на целиот лет.

И Кина, исто така, инвестира во оваа нова воена технологија, и во октомври минатата 2019 година на воаената парада во Пекинг го претстави својот надзвучен проектил со ознатака „DF-17“.