(ВИДЕО) Сасуоло и Џенова испуштија водства од 2:0, спектакуларен гол и црвен картон за Пандев

Во дуелите од 15-то коло од италијанското фудбалско првенство Сасуоло против Калјари дома и Џенова на гости кај Лече испуштија водство од 2:0, а притоа македонскиот капитен Горан Пандев постигна прекрасен гол од половина терене, а потоа поради два жолти картона беше исклучен.

Горан Пандев во 32 минута ја искористи грешката на домашниот голман Габриел кој излезе од својот шеснаесетник за да интервенира пред Пинамонти, но топката дојде до македонскиот репрезентативец кој од 40-ина метри ја погоди противничката мрежа за водство на Џенова. Водството на гостите го удвои во петтата минута од судиското продолжение на првото полувреме Доменико Крисчито. Но во второто полувреме Лече успеа да израмни со головите на Филипо Фалко во 61 и Андреа Табанели во 71 минута.

Покрај Пандев кој беше исклучен во 77 минута, кај Џенова претходно во 69 минута „поцрвене“ и Кевин Агудело.

Џенова сега со 11 бодови останува на 18-то место кое води во плеј-офот за опстанок во Серија А, со бод помалку од 17-та Сампдорија. Лече со 15 бодови 2 на 15-то место.

И Сасуоло имаше предност од два гола против Калјари, но гостите успеаја да извлечат бод со погодокот во судиското продолжение. Домашните поведоа со головите на Доменико Берарди во 6 и Филип Ѓуричиќ, а намали Жоао Педро во 51 минута, а вредниот бод за гостите го донесе Даниеле Регацу во првата минута од судиското продолжение.

Со овој бод Калјари бодовно се израмни со Рома, има 29 бодови, но поради подобрата гол разлика ѝ го одзема четвртото место. Калјари заостанува четири бодови зад третопласираниот Лацио седум зад вториот Јувентус а девет зад водечкиот Интер. Сасуоло, пак, е 14-ти со 15 бодови.

Торино пред своите навивачи поведе во 23 минута преку Симоне Заза а во 73 минута вдоството го удвои Кристиан Ансалди, а за Фиорентина намали Мартин Касерес во судиското продолжение на мечот. Торино има 20 бодови и е на деветото место, а Фиорентина со четири бодови помалку е 13-та.

Парма како гостин со погодокот на Јурај Куцка во 22 минута славеше на гостувањето кај Сампдорија. Со новите три бода Парма бодовно се израмни со седмиот Наполи со 21 бод, и е осма, додека Сампдорија остана на 12 бодови на последното 17-то место кое гарантира опстанок.

Во последниот меч од 15-то коло Милан на гостувањето со 3:2 ја победи Болоња и само вторпат сезонава врза две победи во првенството. Првпат „Росоњерите“ тоа го сторија уште кон крајот на август и почетокот на септември којга со по 1:0 ги победија Бреша и Верона, а сега Парма со 1:0 и Болоња со 3:2.

Гостите од Милано поведоа во 15 минута со голот на полскиот напаѓач Кжиштов Пјатек кој релизираше пенал за кој самиот се избори. На 2:0 зголеми Тео Ернандез во 32 минута, а истиот играч осум минути подоцна ја затресе сопствената мрежа. Меѓутоа, веќе во втората минута од второто полувреме Џакомо Бонавентура ја враќа предноста од два гола кај Милан, а домашните повторно ја вратија надеждта во 84 минута преку реализиранито пенал на Никола Сансоне.

Милан сега е 10-ти со 20 бодови, а Верона остана место подолу на табелата со 18 бодови.